Украдени бакарни шини од главната трафостаница во Богданци

0
399

Вчера во полициската станица во Гевгелија М.Ј. (57), вработен во ЕВН-КЕЦ-Гевгелија, пријавил дека насилно бил отворен прозорецот од главната трафостаница во Богданци која се наоѓа на заобиколниот пат кај раскрсница кон село Стојаково и биле одземени бакарни шини.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.