Над 260 метри кубни отпад од секаков вид беше подигнат во големата акција за чистење на диви депонии во Охрид

0
319

Повеќе од 260 метри кубни отпад од секаков вид беше подигнат во големата акција за чистење на диви депонии што денес ја реализиравме на територија на Општина Охрид.
➡ Отпад се подигаше од девет локации, каде претходно Јавното претпријатие имаше мапирано диви депонии
➡ Согласно условите и потребите, вакви акции ќе се организираат и во иднина се до целосно расчистување на дивите депонии кои веќе подолг период ги има низ Општина Охрид, објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.