Воспитувачка им давала крекери со канабис на бебиња во Вирџинија

0
456

Сопственичката на градинка во округот Стафорд, Вирџинија, е уапсена, откако неколку деца биле хоспитализирани поради изложеност на ТХЦ – главната психоактивна супстанца во канабисот, која предизвикува зашемутеност, пишува Virginia News.

Сопственичка на предучилишна установа во американската сојузна држава Вирџинија е обвинета дека им давала крекери со канабис на едногодишни деца, објавија локалните власти.

Во текот на март три едногодишни бебиња биле пренесени на одделението за итна помош во болницата Стафорд центар. Родителите на трите бебиња ги однеле во болница оти се однесувале летаргично и имале црвени очи, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Стафорд, пренесува ABC.

Од болницата потврдија дека децата внесувале тетрахидроканабинол (ТХЦ), главната психоактивна супстанца на канабисот, а полицијата со лабораториски тестови утврдила дека канабисот бил во крекери во форма на златна рипка.

Сопственичката на предучилишната установа, шеесетгодишната Ребека Свенер, и се предала на полицијата, а била пуштена со кауција од 2.000 долари.