Пет лица се повредени во пукање кон џамија во подрачјето на Торонто во Канада, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Група мажи, кои завршиле со вечерната молитва во џамијата за време на месецот Рамазан (терави намаз), се нападнати во пукање во квартот Скарборо“, изјави портпаролот на полицијата на Торонто, Дејвид Рајџик.
„Испукани се најмалку шест истрели, но останува непознато колкумина осомничени биле вклучени во пукањето“, рече тој.
„Не можеме со сигурност да кажеме и тоа дали жртвите биле цел поради нивните религиозни убедувања“, рече Рајџик.
Надим Шеик, член на одборот на муслиманското здружение Скарборо, изјави дека е загрижен поради пукањето.
Тој ги повика надлежните да направат сè што е во нивна моќ да ги изведат сторителите пред властите и потенцираше дека треба да се преземат повеќе чекори за да се спречи вооруженото насилство.
извор: Агенција Анадолија (АА).