Ковачевски да побара отворање на македонски културни центри во Бугарија, како и заштита на Македонците, велат од ВМРО ДПМНЕ

0
446

Ковачевски да побара отворање на македонски културни центри во Бугарија, како и заштита на Македонците. Ковачевски да излезе и да не се крие од граѓаните. Тој ја одмолче посетата на Петков и не побара од него реципроцитет, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на соопштението од партијата додаваат:

Дополнително Ковачевски не го потсети Петков дека доаѓањето во Битола е одлична можност тој да се извини за жртвите од бугарските фашисти во Македонија.

Ако Ковачевски не отстапува од македонските црвени линии, тој ќе го побара сето ова веднаш од Петков.

Ковачевски треба да ги штити македонските позиции, и да се придржува до Декларацијата изгласана во Собранието.