Во населбата Бејоглу во Истанбул, се случила експлозија во подземните инсталации, објавува турскиот весник „Сабах“.
Експлозијата се случила под земја, поради што во воздух излетал капакот на една шахта, сведочат тамошните жители.
Наводно, дошло до спој на кабли, а веднаш по експлозијата низ улицата се ширел густ чад, поради што пожарникарите итно ги евакуирале станарите.
Како мерка за претпазливост исклучена е и струјата во целиот кварт.