На ФБ масовна благодарност за Вучиќ и Србија

Стотици коментари со благодарност и комплименти но и изразување љубов кон Србија и нејзиниот народ ги поплавија ФБ страните на нашата компанија под веста во која е пренесена изјавата на Претседателот на Србија Александар Вучиќ, во која тој кажа дека Србија не бара ништо од Македонија и дека единственото Србија не му спори ништо на Македонскиот народ.

Ако се погледнат и ФБ страните на останатите медиуми во Македонија ситуацијата е иста. На сите ФБ страни има стотици , ако не и илјадници лајкови и слични коментари.

Интересно е да се издвои дека некои од граѓаните велат дека ако Србија се интегрира во ЕУ ќе извадат српски пасош и ќе се откажат од бугарскиот кој веќе го имале, додека некои се уште повеќе во еуфорија па коментираат дека ако Србија се интегрира во ЕУ Македонија на референдум треба да се врати под Србија.

Има и такви кои во коментарите на Вучиќ му се обраќаат со зборови “наш Прецедниче” и такви кои жалат што Македонија нема всков претседател.