Села: Бугарија да го признае македонското малцинство

Лидерот на Алијанса на Албанците (АА), Зијадин Села смета дека Македонија и Бугарија треба обострано да ги признаат малцинствата во двете земји.

-Тоа би било еден добар чекор. Македонија да го признае бугарското малцинство во земјава, но и нашиот сосед да го признае македонското малцинство во неговата земја. Отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ е право на секој народ и секоја држава е да чествува како што размислуваат. Сепак таквите потези не одат во прилог на надминување на спорот помеѓу двете држави. Наш став е дека соседите треба да се признаат меѓу себе, рече Села на прес-конференција во Собранието.