Клубот во Битола, кулминација – Ни треба нова стратегија со Бугарија

0
378

„Културниот клуб „Ванчо Михајлов“ е пресвртната точка каде што вие на дипломатски ќе им кажете ова не бива. Ова ја наруши добрата волја на две страни. Треба пореално да газиме на земја, малце повеќе дијалог власт-опозиција и креирање на нова стратегија. Овде се работи за државен интерес и тоа конечно треба да го разбереме“, изјави во Топ тема на Телма, професорот Ненад Марковиќ.

Д-р Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска Политика од Скопје смета дека нема брз влез во Европската Унија и дека Бугарија нема да ја смени својата позиција.

„Ние треба според дадените констати што ги имаме овој момент да одлучиме што понатаму. Пресвртната точка е веќе помината. Дека нема брз влез во ЕУ, нема. Дека Бугарија нема да ја смени својата позиција, нема. Власта да се соочи со јавноста. Власта треба да седне и да се искоординира прво во самата власт внатре, потоа со опозицијата, со експертите и јавноста, за да дојдеме до еден нов договор, нова стратегија и нова тактика без големи очекувања. Факт е дека сега во оваа ситуација, ниту е време да се профитира за избори, туку е време за една внатрешна консолидација на позицијата“, вели д-р Малинка Ристевска Јорданова – член на Управниот одбор на Институтот за европска политика – Скопје.