Секојдневни протести од 26 април најави Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС)

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од 26 април секојдневно ќе излегува на протести доколку дотогаш Владата не ги исполни нивните барања за зголемување на бодот на 103 денари во бруто износ со што најниската плата во јавниот сектор би била околу 18.200 денари и би се задржал распонот меѓу останатите плати.

Најавите од синдикатот се дека ќе се протестира секој ден од 16 до 17 часот пред Собранието и пред Владата.

– Членството е крајно разочарано и се чувствуваат изманипулирани. Решението е многу едноставно, а тоа е членот 88 од Законот за административни службеници кој вели дека Владата го покачува бодот, рече претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешната прес-конференција.

Според КСС, со овој проблем се засегнати околу 100 илјади работници во државата.

„Ја користиме приликата да апелираме до сите пратеници да не го гласаат законот за административни службеници и да порачаме дека секој пратеник кој ќе гласа ваков потценувачки закон ќе го сметаме дека е против работниците и нас како синдикат. Очекуваме поддршка, секој граѓанин што ќе дојде е добредојден, веруваме дека ке има доволен број на протестирачи за да овие протести вродат со плод. Сите стоиме позади Синдикатот за образование, наука и култура, им помагаме логистички, имаме и поддршка од нив, завршува претседателот на КСС.