Откриени се 17 нови видови стоногалки од родот „Nannaria centipede“, што живеат во Апалачките Планини во САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста во „Sci-News“, ентомолозите од Политехничкиот институт и Државниот универзитет во Вирџинија испитале повеќе од 1.800 примероци стоногалки собрани за време на теренската работа или од универзитетските и музејските збирки.
Како резултат на нивната студија, ентомолозите открија 17 нови видови стоногалки од родот „Nannaria“, што живеат на Апалачките Планини.
Д-р Дерек Хенен од Политехничкиот институт во Вирџинија, наведувајќи дека овие малку познати безрбетници имаат вредна улога како разградувачи, рече дека тие ги разградуваат остатоците од лисјата и ги ослободуваат нивните хранливи материи во екосистемот.
„Тие живеат на шумското дно, каде што се хранат со гнили лисја и други растенија. Малку е тешко да се фатат затоа што имаат тенденција да останат закопани во земјата, понекогаш целосно под површината“, рече Хенен.
Меѓу другото се посочува дека новите видови откриени во студијата се собираат во шумите од леска, јавор, даб и боровите шуми на надморска височина од 481 до 1.539 метри.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „ZooKeys“.
извор:Агенција Анадолија (АА).