Попоски за Велигден најавува стабилно, суво и сончево време со умерена локална облачност и високи температури

0
429

– Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд, како и со услови за ретка појава на грмежи. Денес ќе дува и засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бележат тендеција на понатамошен пораст и денес ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, додека утре истите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени – вели во својата најнова прогноза Славчо Попоски.

Според Попоски за  Велигден, времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и грмежи, како и засилување на ветерот. Што се однесува до температурите тие ќе бидат во поголем пораст и речиси ќе бидат летни и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, додека во најтоплите предели исите се очекува да се искачат дури и до околу 30 степени.

Утринските температури исто така ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 8 степени. Според најавата на Попоски и по Велигден, ќе се задржи доста топлото време, иако повремено ќе има услови за попладневна локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.