Вооружен маж отворил оган од снајперско гнездо во станбена зграда во близина на елитно училиште во главниот град на САД, Вашингтон во петокот и ранил четири лица со случаен избор на жртви, пред да си го одземе животот непосредно пред полициската рација.
Полицијата соопшти дека осомничениот, Рејмонд Спенсер (23) од предградието на Ферфакс во Вирџинија, првично бил идентификуван од видеото што го објавил на социјалните мрежи, на кое се гледа пукање од терасата на зградата, пренесува Ројтерс.
Шефот на митрополитската полиција на Вашингтон, Роберт Конте, на прес-конференција рече дека видеото е очигледно автентично, иако не е сосема јасно дали видеото е емитувано во живо или објавено по неговото снимање.