На 23.04.2022 во 16.00 часот од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош-Одделение за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје бил приведен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка кражба“ на дрзок начин. Имено, истиот ден околу 15.30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош пријавениот малолетник на оштетената и одзел златен ланец од вратот. Со малолетникот бил извршен службен разговор од полициски службеници од малолетничка деликвенција. Од страна на оштетената пријавениот малолетник бил препознаен како сторител на кривичното дело. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Related Posts
Денес екстремно топол ден, попладне во источните предели се очекува локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме
Денешниот ден (петок) во Македонија повторно ќе биде екстремно топол, па така насекаде низ државава температурите ќе надминуваат 30 степени,…
Вицегувернерката Нацевска: Продолжуваат активностите на Народната банка за развивање на домашниот финансиски пазар
„Ефикасното спроведување на монетарната политика, покрај од мерките на Народната банка, во голем дел зависи и од функционалноста и натамошниот…
Напаѓач уби тинејџерка и повреди девет лица во сиропиталиште во Полска
Маж кој со нож влегол во сиропиталиште во Полска убил тинејџерка и повредил девет лица, соопшти денеска полицијата. -Нападот се…