Средба на Зеленски со американскиот државен секретар Блинкен и секретарот за одбрана Остин

0
229

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин се сретнаа со претседателот на Украина, Владимир Зеленски, во Киев, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Алексеј Арестович, советник во Кабинетот на украинскиот претседател, во изјавата за телевизискиот канал „Феигин Лајв“ синоќа рече дека Блинкен и Остин дошле во Киев: „Денес Американците се во Киев. Да, тие се среќаваат со претседателот [Зеленски].“

Од друга страна, во веста каде се цитира функционер од Кабинетот на претседателот на Украина, се наведува дека деталите за посетата не се соопштуваат поради безбедносни причини и дека разговорите биле многу продуктивни.

Посетата на Блинкен и Остин е значајна бидејќи станува збор за посета на највисоко ниво на американски официјални претставници на Украина за време на руско-украинската војна.

извор: Агенција Анадолија (АА).