ВМРО ДПМНЕ: Искреноста не е особина на СДСМ, нека одговори за кого крадеше Зекири

Лагите и криминалот се заштитното лице на СДСМ. Криминалистичката партија СДСМ нека одговори на јавноста каде завршија парите од рекет. Според кажувањата на Јовановски тие пари отидоа директно кај Вице и Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

Зошто нема одговор и одговорност како исчезнува масло од фабриките за канабис, кој е сопственичкиот удел на семејството Заеви во фабриките за марихуана низ Македонија?

До каде е одговорноста и одговорот за кого крадеше Мухамед Зекири? СДСМ треба да одговори на ова прашање.

Одговорност треба да има и за политичките нарачки и тортури кои се случуваат против сите неистомисленици на власта.

Искреноста не е особина на СДСМ.

Ако е искрен СДСМ тогаш треба да одговара и за украденото оружје од охридската полиција, но и за сите тендери и матни зделки во РЕК Битола, и сите други институции и фирми кои беа користени за испумпување на пари од буџетот на државата.

СДСМ е неспособен и криминоген. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.