Македонија е веќе многу задолжена земја и ова дополнително најавено задолжување од 900 милиони евра само покажува колку недомаќински се трошеле досегашните задолжувања, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната посета во општина Македонска Каменица.
Милошоски истакна дека со ова задолжување се ризикува државата за преоптовари и со него само владата ќе го покрие недомаќинското работење, но ќе трпи стопанството.
Ова задолжување владата да и помогне да покрие одредено недомаќинско работење, но ќе биде голем товар за стопанството кое и во моментов се наоѓа во голема криза. Сметам дека е неодговорно толку голема сума да се најави како задолжување, рече тој.
Милошоски нагласи дека задолжувањата ќе беа помали доколку власта не правеше милионски фиктивни физибилити студии, пари кои никој не знае каде завршиле.
– Би било многу попрактично ако владата работи домаќински и наместо генерални секретари на владата да прават фиктивни физибилити студии кои чинат милиони евра и не знаеме во чиј џеб завршуваат да намали владата со расходи и недомаќинско работење и со тоа да имаме помало задолжување кое би се инвестирало во болници училишта патишта и капитални инвестиции, изјави Милошоски.