Комисијата препорача укинување на рестриктивни мерки освен маските во болниците, јавниот превоз

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со ковид-19, што значи се укинува потребата за ковид-сертификат во угостителските објекти во затворено, а маска и натаму ќе треба задолжително да се носи само во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.

Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Од Комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки.