Мандатарот за состав на новата црногорска влада Дритан Абазовиќ денеска и официјално ги предложи структурата и составот на кабинетот, за што утре ќе се изјаснат пратениците на седницата на Собранието во Цетиње.
Владата е замислено да има 18 министерства, четворица потпретседатели и двајца министри без ресор, објавија црногорските медиуми.
На веб-страницата на Собранието беше објавено дека за нов претседател на Собранието е предложена пратеничката од Социјалистичката народна партија (СНП), Данијела Ѓуровиќ.
извор/фото: агенции