Путин: Ако некој интервенира во Украина, ќе одговориме молскавично

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека веќе се донесени одлуки оти Русија ќе одговори брзо доколку некој сака да интервенира во ситуацијата во Украина и да создаде стратешка закана за Русија. „Доколку некој интервенира во ситуацијата во Украина и создаде закана од стратешка природа, ударот ќе биде молскавичен“, предупреди Путин, нагласувајќи дека Москва за таа цел ќе користи средства што нејзините противници ги немаат.

 

Радио Слободна Европа