Брнабиќ -САД не поставија ултиматум на Србија да воведе санкции против Русија

0
388

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека американските претставници кои неодамна го посетија Белград не и поставија ултиматуми на Србија во врска со воведувањето санкции против Русија.

„Тоа го немам слушнато од 2017 година кога станав премиерка. Ние и САД имаме различни ставови за санкциите против Русија, а за тоа прашаа и американските сенатори и Карен Донфрид (помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија), а нашиот одговор е принципиелен и во согласност со најдобрите интереси на нашата земја, народ и економија“, изјави Брнабиќ.

 

Радио Слободна Европа