Бајрам за муслиманите претставува голема радост, што најдобро е да се сподели со десерт достоен за султановиот двор – баклавата, пишува Агенција Анадолија (АА).
Баклавата е колач со ориентално потекло и денес е присутна во сите делови на светот. Според поднебјето во кое се подготвува, рецептот се менува од едно до друго подрачје.
– Нарачки од странство –
Мајсторите за баклава во турскиот град Газиантеп овие денови напорно работат на подготовка на доволни количини од познатиот специјалитет за претстојниот Рамазански Бајрам.
Познатата баклава од турскиот град Газиантеп и овој Бајрам ќе се најде на трпезите низ земјата и странство. Како и во другите градови, баклавата и во Газиантеп е незаменлив дел од бајрамската трпеза.
Мајсторите за да одговорат на сите нарачки, интензивно работат дење и ноќе.
Огуз Ибили, шеф на Управниот одбор на еден од производителите на баклава во градот, во разговор за АА рече дека дошол период на напорна работа, но и возбуда која секогаш владее пред Бајрам.
„По две години пандемија, имавме многу продуктивен Рамазан (месец на муслиманскиот пост, заб.а.). Задоволни сме од добиените нарачки“, рече Ибили.
Додаде дека интензивно работат на извршување на нарачките кои пристигнале од различни делови на Турција и од странство.
Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).