Сообраќајна несреќа во Битолско, автомобил излета од патот – повредени четири лица

Четири лица се повредени во сообраќајна несречќа која се случила околу 15 часот на патот од с.Новаци кон с.Брод, општина Новаци, а во која автомобил „хјундаи“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Битола, излетало од патот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Љ.Т. и сопатниците Т.Н.(51) и З.Т.(38), двајцата од Битола, додека сопатникот З.С.(50) од Битола се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.