Албанската полиција за четири месеци запленила над 425 илјади фалсификувани евра и 10 илјади долари

Само во текот на оваа година албанската државна полиција запленила 425.500 фалсификувани евра во 22 случаи.

-Во споредба со неколку години наназад, се забележува растечки тренд на пуштање на пазарот фалсификувани банкноти, кои според полицијата не се произведуваат во земјава, туку доаѓаат од Бугарија, Македонија и Италија. Фалсификуваните банкноти се користат во трговијата и бензинските пумпи, но банкноти од 200 или 500 евра често се обидуваат да влезат во берзата користејќи измама, изјави за Топ чанел, Лутфи Минџози, директор на секторот за финансиски криминал во државната полиција.

Според него најчестата деноминација на пазарот е банкнотата од 200 евра.

Во изминатиот период од годинава, посочува тој, полицијата запленила и околу 10 илјади фалсификувани долари од по 100 апоени, додека албанската валута лекот, досега се покажала како најбезбедна валута на пазарот, бидејќи полицијата не открила случаи на фалсификување.

извор: ТВ 24