Османи: Нема предлог за Арифи да биде амбасадорка во Турција

0
251

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги отфрли сите информации што се појавија овие денови околу наводните кандидатури на Теута Арифи за амбасадор како „лажни вести“.

„Никогаш немало барање, пратено агреман ниту имало предлог за поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи да биде амбасадор на Македонија во Анкара и Вашингтон. Имало размислување за Брисел, но немало формализиран предлог“, рече Османи.

Тој даде неколку совети на денот на слободата на медиумите: „Мислам дека треба да бидеме внимателни, еве денеска е ден на слободата на медиумите, но мора да внимаваме на прашањето за лажните вести, оти на крај жртви на лажните вести се граѓаните. Освен достоинството на луѓето за кои зборуваме непроверено. Никогаш немало предлог за Теута Арифи да биде амбасадорка во Анкара. Немало ни размислување. Вчера не само портали, туку големи медиуми објавија вест за Арифи без да побараат став од МНР. Никогаш немало предлог за Арифи за Вашингтон за таа да биде одбиена. За ЕУ немало формализиран предлог за Арифи, имало размислувања, но формален предлог за Брисел за Арифи немало. Не било пратено барање за агреман за било која држава за Теута Арифи“, нагласи тој.

извор: Независен