Милановиќ ќе стави вето за влезот на Финска во НАТО

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека ќе стави вето на влезот на Финска во Алијансата на самитот на НАТО додека не се решат прашањата за Хрватите во Босна и Херцеговина.

„На самитот на НАТО ќе ставам вето на поканата, доколку е на тоа ниво. Како ѓаволска грешна душа ќе го прогонувам секој пратеник кој ќе биде за“, рече Милановиќ.

Тој оцени дека се очекува во БиХ да се игнорира фактот дека има Хрвати, Срби и Бошњаци, за да можат Бошњаците да ги надгласаат Хрватите.