ВМРО ДПМНЕ: 75 % од граѓаните сметаат дека државата оди во погрешна насока, Ковачевски и СДСМ да ја прифатат подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ

Нервозата кај Ковачевски и СДСМ е очигледна. Тие се очајни и фрустрирани затоа што гледаат дека над 75% од граѓаните сметаат дека Македонија се води во погрешна насока, што е резултат на неспособноста, неодговорноста и криминалот на оваа власт на СДСМ и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото се додава:

ВМРО-ДПМНЕ повторно подава рака во интерес на граѓаните и државата.
Затоа бараме СДСМ да се вразумат и да прифатат да се договори датум за предвремени парламентарни избори, а до тогаш да вклучат тимови од експерти да помогнат во изнаоѓањето на решенија за кризите и проблемите кои им тежат на граѓаните.
СДСМ треба да покажат доблест и интересите на граѓаните да ги стават пред нивните тесни партиски интереси и желбата за гола власт.