Јас реков дека тие 900 милиони евра не се ниту за ликвидност, ниту за државни резерви. Тие се наменети за проект кој што долго го најавува ДУИ а Ковачевски и останатите отколку него само ќе бидат неми набљудувачи на тоа што се случува, и во насока на тоа како подготовка на реализација на тој проект е промена на сопствеништвото на една голема градежна компанија и деновиве сето тоа јавноста ќе го види во детали, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање.
Инаку што се однесува до долгот можам да кажам дека скоро 400 милиони евра е долгот според Народна банка во првиот квартал на владата кон доверителите. И тој е од прилика на истото ниво како што беше и во четвртиот квартал минатата година, 400 милиони евра. Со таа разлика што долгот кон јавните институции е намален за некои 45 милиони евра, но за некои 45 до 46 милиони евра е зголемен кај приватните доверители и е некаде сега околу 70, 75 милиони евра, што е сериозна бројка, затоа што на тој начин не само што не му се помага на стопанството, туку му се одмага. Затоа ако тие навистина сакаа да помогнат нека го платат долгот на приватните компании за да можат приватните компании да даваат плата, да вработуваат луѓе и да се развиваат, рече претседателот Мицкоски.
Мицкоски додаде дека владата ги бојкотира општините со тоа што претседателот на собраниската законодавно правна комисија го кочи законот со кои што се предвидува околу 63 милиони евра наменети за инфраструктурни проекти во општините, додавајќи дека на тој начин ги осакатува граѓаните.
Во насока на тоа да напомена една работа за каква деструктивна влада станува збор. Во парламентот во процедура има закон за задолжување кај Светска Банка со отприлика 62 или 63 милиони евра, пари кои што се наменети за инфраструктурни проекти за општините, патишта, канализација, водовод итн. Во комисијата за финансирање и буџет со која претседава Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, нормално овој закон е поминат и овој закон сега се наоѓа во законодавно правната комисија со која претседава кадар на СДСМ, и тој закон се кочи, без никакво образложение не се става на дневен ред. И знаете зошто? Затоа што ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори и сега тие пари треба да дојдат во општините во кои што се градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и тие градоначалници за да се прикажат во јавноста како неуспешни се кочат овие средства, а на тој начин се осакатуваат граѓаните, изјави тој.