СДСМ: Мицкоски промовира проекти на СДСМ, неговите градоначалници 6 месеци не работат ништо

Христијан Мицкоски промовира проекти на СДСМ затоа што неговите градоначалници 6 месеци не сработеа ништо, така беше и вчера во Охрид кога заедно со градоначалникот Кирил Пецаков промовираа проект на СДСМ. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ немаат реализирано ниту еден важен проект за граѓаните, ги немаат исполнети изборните ветувања и немаат започнато ниту еден капитален проект. Неработата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ е најприсутна во градот Скопје, се вели во соопштението од СДСМ. Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Градоначалничката Арсовска шест месеци нема реализирано ниту еден проект. Нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови и зеленило, откажан е проектот за современ транспорт БРТ, а нема ниту нови 250 еколошки автобуси.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните.

Затоа Мицкоски се заканува со некаква радикализација и блокади, затоа зборува за предвремени избори во време на најголема економска и енергетска криза.

Мицкоски многу добро знае дека рејтингот на партијата вртоглаво паѓа и дека го очекува пораз на редовните парламентарни избори..

СДСМ има план како да ги надмине сите блокади на ВМРО-ДПМНЕ, нема да дозволиме нарачките од Груевски, спроведени од Мицкоски повторно да ја загрозат иднината на државата.