Српски медиуми: Скандалозна е одлуката на Вселенската патријаршија

0
319

Вселенската патријаршија соопшти дека ја признава таканаречената црква на Cеверна Македонија. Вака српските медиуми ја коментираат денешната одлука на Цариград.

Според Светиот синод на Вселенската патријаршија, со кој претседава вселенскиот патријарх Вартоломеј, црковната хиерархија предводена од архиепископот Стефан е призната како канонска и валидна во целиот православен свет, а со неа е воспоставено канонско и литургиско единство, објави Република.

Според соопштението, Константинопол го признава името на оваа црква како „Охрид“ (што значи област на нејзина јурисдикција само во границите на територијата на државата Cеверна Македонија)-пишува „Новости“.

извор: Република

Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA