Апсолутно не е време за избори во најголемата светска економска, енергетска, здравствена и воена криза која е најголема по Втората светска војна, порача потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев, во дебатната емисија 24 анализа, на телевизија 24.
Тој нагласи дека во државата има увезена инфлација, која доаѓа со увоз на струјата, гасот и останатие енергенси, поради што Владата прави максимум напори за да санира штета и да го намали ударот врз стандардот на граѓаните.
Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев истакна дека овие кризи предизвикаа удар во сите земји, вклучително и во најразвиените европски земји, но таму власта и опозицијата заедно работат на креирање на мерки за справување.
Не може да зборувате за експерти за тимови и мерки, а во исто време приоритет да се предвремени избори, бидејќи изборниот законик забранува серија на дејства, кои ја оневозможуваат имплементација на тие мерки кои би се договориле. Затоа не треба избори, треба седнување за продуктивни и конкретни чекори за подобар живот на граѓаните и справување со кризата, рече Богоев.