На Армискиот полигон „Криволак” утре ќе се реализира Ден за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 22″ („Swift Response 22″), при што ќе бидат презентирани воздухопловно-десантни операции проследени со падобрански скокови и хеликоптерски и копнени активности на припадниците на армиите на Северна Македонија, САД, Велика Британија, Франција, Италија, Црна Гора, Грција и Албанија.
МИА