Мандиќ ја повика црногорската опозиција на антивладини протести

Претседателот на Нова српска демократија (НСД) и еден од лидерите на црногорскиот Демократски фронт (ДФ), Андрија Мандиќ, уште еднаш ги повика сите опозициски сили заеднички да организираат големи протести како средство за притисок врз новата влада.

Лидерот на НСД е на мислење дека намерата на ДПС на претседателот Мило Ѓукановиќ е да ја уништи Социјалистичката народна партија (СНП) преку коалицијата „Црно на бело“ на Дритан Абазовиќ.

Тој кажа дека малцинската влада функционира како неорганизиран оркестар, дека нема легитимитет и затоа не ѝ предвидува светла иднина.

 

Радио Слободна Европа