(ВИДЕО) Жестоки пукотници во центарот на Пула ги вознемири минувачите, луѓето панично бегаат

Во Пула започна да се снима серијата „FBI: International“. Истата е поддржана од Дик Волф и Дерек Хас. Дик Волф, меѓу другото, е познат по познатата серија „Закон и ред“, како и низа други познати серии,  а „FBI International“ е продолжение на франшизата на ФБИ, која се фокусира на акции надвор од САД.

Акционите сцени се снимаат во центарот на градот и пред арената Пула, а поради пукотниците кои одекнуваат во градот, многумина минувачи кои не знаеле дека се снима серијата почнале да бегаат од кафулето. Дејствието на серијата се одвива во Пула, каде што се снима, а главните улоги ги толкуваат Лук Клајнтанк, Хајда Рид, Картер Редвуд, Ванеса Видото и Александра Пол, кои гледачите ќе имаат можност да ги видат како Агенти на ФБИ.

извор и фото: vecernji.hr

видео на овој линк