Нови дојави за бомби во Белград – на мета и зоолошката градина

Српското МВР добило дојава за бомба во трговскиот центар во Раковица, Бањица и Кнез Михајлова.

Во тек е евакуација и на вработените и на посетителите.

Исто така, автомобилите се отстрануваат од паркинзите на трговските центри.

Бомбата била пријавена и во белградската зоолошка градина.