Министерот за економија Крешник Бектеши се налути што при посетата на Албанија го нарекоа „македонски министер“ и веднаш реагираше. На конференцијата за односи меѓу министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај, новинарите му упатиле прашање за легализација на медицинскиот канабис. Но, не беше среќен кога новинарка му се обрати со „македонски министер“.
Новинар: Имав прашање до македонскиот министер…
Бектеши: Извинете, јас сум министер на Cеверна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец.
https://www.youtube.com/watch?v=HEHDMxJcz-w