(АУДИО) Џафери вика и упатува пцовки до вработените – ВМРО ДПМНЕ бара оставка од Собранискиот спикер

Спикерот на Собранието Tалат Џафери им вика и со погрдни зборови им се обраќа на службениците.

„Сите од служба, конкретно од седници, веднаш кај мене, сите позади што седат сите до еден, вие што сте на плата и уште си е..те мајка овде. Што бараш бе ти овде, ајде бегај таму, бегај, излези!!!.

Аудио снимката е објавена на социјалните мрежи и во медиумите.

Скандалозен и примитивен е односот на Талат Џафери, пцовките и навредите за вработените се недозволиви, оставка веднаш!

Кога крими коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател на собранието, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги вреѓа и со најпогрдни пцовки малтретира вработените во собранието.

Односот на Џафери кој може да се слушне во видео материјал објавен во медиумите е скандалозен, примитивен и целосно недозволив.

Односот на Џафери е и слика како се однесува оваа власт на СДСМ и ДУИ со вработените во институциите и народот воопшто. Тие вработени кои Џафери ги пцуе се нечии синови, ќерки, мајки, татковци, сопружници.

Талат Џафери е пример за примитивизам и политичар кој треба да биде минато. Ова не смее никогаш повеќе да се повтори.

Оваа аудио снимка од која се слуша примитивизмот на Џафери е доказ зошто СДСМ и ДУИ мора да заминат во опозиција и зошто мора да има предвремени парламентарни избори час поскоро, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.