Скандалозен фото-документ за Ангел Димитров копретседавач од бугарската страна од Мешовитата комисија?

Ванчо Ѓорѓиев, македонски историчар и поранешен член на комисијата, во македонските медиуми рече дека Ангел Димитров, копретседавач од бугарската страна, присуствувал на погребот на Ванчо Михајлов во 1990 година. Ѓорѓиев посочи дека неговото искажување може да се потврди со постоењето на фотографија на која може да се види бугарскиот копретседавач, објави „Нова Македонија“.

Со оваа изјава на Ѓорѓиев се доведуваат во прашање кредибилитетот, професионалноста и авторитетот на историската комисија од бугарска страна.

Во новинарското истражување на „Нова Македонија“, беа пронајдени две фотографии што ја потврдуваат изјавата на професорот, односно поранешниот член на историската комисија.

На двете фотографии до кои дојде „Нова Македонија“ е видливо присуството на копретседавачот на историската комисија, Ангел Димитров, на погребот на Михајлов.

Една од фотографиите е објавена на сајтот на Македонскиот научен институт од Софија, кој има јасна антимакедонска определба, а втората фотографија е објавена на 20 септември 1990 година, од страна на „Македонска трибуна“ (Macedonian Tribune). Фотографиите се направени во внатрешноста на капелата во која биле положени останките на Михајлов.

Автентичноста на фотодокументот беше потврдена, а на фотографијата е регистрирано присуството на роднините и приврзаниците на Михајлов. Копретседавачот на историската комисија, г. Ангел Димитров, веднаш до Атанас, братот на Ванчо Михајлов.

Целиот текст на „Нова Македонија