(ФОТО) Се урна куполата во џамијата Сокоље во Сараево

0
342

Се урна куполата во џамијата Сокоље во Сараево, поради што сите верски активности беа прекинати до понатамошно известување, објавија денеска медиумите во БиХ.

Не е позната причината поради која се урна куполата на џамијата, но предизвикала огромна материјална штета, пренесува порталот Klix.ba.

Како што беше соопштено, во несреќата за среќа нема повредени.

Во џамијата се чисти и поправа куполата, па сите верски активности се прекинати до дополнително известување.

izvor: Klix.ba.