Во Сараево денеска беше погребан Ивица Осим. Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, најави дека улица во Белград ќе го носи името на легендарниот југословенски тренер Ивица Осим, кој почина на 1 мај на 81-годишна возраст.
Харизматичниот страгег, кој во својата играчка кариера го доби прекарот „Штраус од Грбавица“, ја предводеше репрезентацијата на поранешна СФР Југославија од 1986 до 1992 година, кога се повлече од должноста поради војната во БиХ.
Од него емотивно се прости еден од неговите омилени играчи Драган Стојковиќ Пикси.
-Беше многу интелигентен, секоја негова реченица имаше пошироко значење, не користеше фрази и секогаш испраќаше јасна порака што сака и која е неговата намера. Само ние Балканците можевме да го разбереме тоа на вистински начин. Освен во космополит, тој се чувствуваше добро во Загреб, Белград и Скопје – Љубљана, Титоград, Нови Сад, Приштина – и го сакаа насекаде. Накратко, тој беше Југословен. Да дојдеме во Сараево и да му оддадеме последна почит е најмалку што можеме да направиме за таков човек со отворено срце, истакна Пикси.