Ова е само уште еден доказ за обидите за блокади на Христијан Мицкоски, но и за манипулации.
Целата македонска јавност имаше можност да види како се спроведуваат анкетите коишто се по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ. Но, како и да е ова е уште еден доказ за паниката кај Христијан Мицкоски и неговата нервоза поради фактот дека секојдневно неговиот рејтинг опаѓа, соочен со фактот дека и фотелјата во белиот дворец не е сигурна и соочен со фактот дека изборите кои ќе се одржат 2024 година дефинитивно тој ќе ги загуби.
Токму затоа Мицкоски нарачува вакви анкети и затоа тој брза, дури и по цена на штета на граѓаните, истакна портпаролот на СДСМ Богданка Кузеска одговарајќи на новинарското прашање: Како ја коментирате последната анкета на ИПСОС каде се наведува дека опозицијата наводно имала предност пред власта и дали ова би допринело кон зголемен притисок од опозицијата за предвремени избори?.
https://www.youtube.com/watch?v=6tLurIvGGh0&feature=emb_title