Во тек е евакуација на трговскиот центар „Авенија мол“ во Загреб поради дојава за бомба. Полицијата добила повик во 13 часот и 45 минути. Центарот е евакуиран. Постапката е во тек.
Ова е втора дојава за бомба за еден месец во Загреб, потсетува Индекс.хр.
Пред еден месец беше објавено дека бомбата е поставена во центарот Арена. Подоцна беше утврдено дека дојавата била лажна.
фото: Индекс.хр.