Мајмунските сипаници не заслужуваат никакво внимание, освен научно-истражувачко и епидемиолошко значење. Мајмунските сипаници се покс сипаници. Тоа се кога излегува меурче. Ова со децении трае. Стручен назив е вариола вера, но Англичаните го викаат смол покс. Нашите новинари, а понекогаш и стручните лица го преведуваат како мали сипаници. Кај нас малите сипаници најчесто ги викаме морбили, додека смол покс и ние и Србите, Хрватите, Русите ги викаме големи сипаници, појаснува во Утрински брифинг микробиологот, проф. д-р Никола Пановски за фамата која се крева околу мајмунските сипаници.
видео Слободен печат
фото: Слободен печат