Бајден изјави дека е подготвен да употреби воена сила за да го заштити Тајван

0
345

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е подготвен да употреби воена сила за да го заштити Тајван, како и подготвеноста на Соединетите Држави и другите сојузници да и оневозможат на Кина да преземе воена акција против Тајпеј, пренесе Ројтерс.

„Ова е обврската што ја презедовме“, рече Бајден во Токио за можниот воен одговор на САД на кинеската инвазија на Тајван, според Асошиетед прес.

Претседателот на САД додаде дека со испраќањето на кинески борбени авиони да вршат целни летови во близина на воздушниот простор на Тајван, Пекинг си игра со оган.

извор: Телма

Фото:

Nezavisne novine