Пеглите на јаглен повторно популарни во Судан, каде има долги прекини на електричната енергија

0
270

Во Судан, Африка, употребата на пегли на јаглен е во пораст поради прекините на електричната енергија што траат и по цели 6 часа, пишува Агенција Анадолија (АА).

Некои Суданци користат традиционални пегли од јаглен за да не им се оштети облеката, други пак ги претпочитаат продавниците наречени „меквеџи“ кои обезбедуваат услуги за пеглање и перење алишта поради прекините на струја низ земјата.

Бизнисот на 58-годишниот Јусуф Адем, кој користи стара јагленова пегла во неговата скромна продавница за пеглање и перење од 4 квадратни метри во главниот град Картум, е зголемен двојно по прекините на струја.

Адем со пеглата што ја полни со издробен јаглен секојдневно во својот дуќан се обидува да ги заврши нарачките на муштериите.

извор: Агенција Анадолија (АА).

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).