(ФОТО) Ковачевски: Ова е плодна соработка со Ватикан ќе продолжиме да ја продлабочуваме и понатаму

0
313

Огромна е честа и задоволството да ја предводам владината делегација денеска во Ватикан. На аудиенцијата кај Светиот отец Франциск, ја изразив благодарноста за неговата посета на нашата земја во 2019 година, напиша на својот ФБ профил премиерот Димитар Ковачевски. Во објавата премиерот додава:

Разговаравме за повеќе теми од заеднички интерес меѓу кои и за одличните дипломатски односи помеѓу Северна Македонија и Ватикан. Се согласивме дека oваа плодна соработка со Ватикан ќе продолжиме да ја продлабочуваме и понатаму.

извор: ФБ Димитар Ковачевски
фото: ФБ Димитар Ковачевски