Отстранета змија од стан во Тетово

0
267

Тетовските пожарникари вчера во стан на петти кат успешно интервенирале и отстраниле змија. Повикот стигнал околу 18 часот и 30 минути во зграда на улица „Борче Кочовски”. Пожарникарите за кратко време успеале да ја фатат змијата и да ја изнесат безбедно од станот.

– На повикот реагираше една екипа, се јави жена која се уплашила многу и не повика нас. И таа не знаеше што или била голема и излегла од станот. Ние имаме соодветна прачка, стап со која се фаќаат змии, успеавме да ја извадиме од станот и да ја однесеме во соодветна установа, изјави Ука Алити, командант на тетовската територијална противпожарна единица.

Во текот на 2022 година седум пати досега по повик на граѓаните, пожарникарите интервенирале и отстранувале змија.

 

24инфо