Хрватскиот суд донесе историска пресуда – геј паровите од сега ќе можат да посвојуваат деца

0
345

Високиот управен суд на Хрватска ја отфрли жалбата на надлежното Министерство и им овозможи на истополовите парови да можат да пристапат до проценката за посвојување деца, а, како што се наведува, тие не можат да бидат дискриминирани врз основа на нивната сексуална ориентација.

Според организацијата Rainbow Color, Судот го отфрлил аргументот на Министерството дека истополовите двојки не треба да пристапуваат кон проценката за посвојување деца поради целта „заштита на интересите на детето“.

Оваа одлука судот ја донел во случајот со партнерите Младен Кожиќ и Иво Шегота, на кои сега им е дозволено да присуствуваат на постапката за посвојување на дете, соопштено е на прес-конференцијата во Загреб, пренесоа хрватските медиуми.

 

24sata