Османи: Слободата на сите европска земји денес се брани во Украина

0
307

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, по денешната средба во Киев со неговиот украински колега Дмитро Кулеба, изјави дека слободата на Македонија и секоја друга европска земја денес се брани во Украина и Украина ја заслужува сета почит помош и поддршка поради тоа.

Османи додаде дека нашата држава од почеток се приклучила кон сите мерки на осуда и санкции против Руската Федерација.

Како што соопшти МНТА, централна тема на разговорите на оваа втора средба на Османи и Кутлеба во само неколку недели, била руската агресија врз Украина и нејзините последици врз украинската држава и граѓани, но и пошироко.

-Соговорниците се сложија дека во прашање е грубо кршење на меѓународното право и неиспровоциран напад врз суверенитетот на една земја, но и сериозен обид да се уништат темелите на регионалната и глобална безбедност и стабилност – се додава во соопштението.