Почина Енди Флечер еден од основачите на „Depeche Mode“

0
470

Британскиот бенд од областа на алтернативната рок-музика „Депеш мод“ објавија дека нивниот клавијатурист Енди Флечер почина на 60 години.

– Во шок сме и исполнети со тага поради прераната смрт на нашиот драг пријател, член на семејството и колега од бендот, Енди ‘Флеч’ Флечер, се вели во соопштението.

Засега не е позната причината за смртта на рок-музичарот.

Флечер беше еден од основачите на групата, а во 2020 година беше примен во Куќата на славните на рокенролот.

фото:

Pitchfork